5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ќулавкова: Со промена на името на државата и јазикот сами ќе и дадеме легитимитет на тезата дека сме вештачки конструкт

Академик Катица Ќулавкова, порачува дека со евентуална промена на името на државата и на македонскиот јазик се врши културален геноцид врз македонскиот народ.

„Толку се релативизира идентитетот на Македонците од самите Македонци што се создава неверојатен медиумски амбиент кој сугерира дека со нетрпение се чека промената на името на државата Република Македонија во пакет со промената на името на македонскиот јазик и на македонскиот народ и згора на тоа и промена на составот и личната карта на државата РМ во ОН од национална во бинационална и двојазична. Автодеструктивен колективен ум без преседан во историјата.

Да се смени името на македонскиот јазик во горномакедонски вардарскомакедонски е културоцидно. Со тоа се негира не само темелот на македонскиот културен национален и државен идентитет, туку се негираат сите стекнати научни придобивки по однос на македонскиот јазик признаен во славистиката и лингвистиката.

Со тоа сами ќе и дадеме легитимитет на тезата дека сме вештачки конструкт како народ и јазик и дека немаме легитимно државотворно право. Никој нема мандат да го прави тоа. Се работи за патоген и криминоген идентитетски инжинеринг. Каква е таа цивилизација и демократија која не ги почитува основните цивилизациски и демократски начела? Не признавам цивилизација која негира една неспорна и богата јазична, културна и национална реалност“, напиша професорката Ќулавкова на својот фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави