24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

МОРАТА ГИ РАЗГНЕВИ НАВИВАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ: СО ОВАА ИЗЈАВА ИСТАКНА ДЕКА САКА ТРАНСФЕР ВО…

Алваро Мората минатото Лето пристигна во Челси од Реал Мадрид за 65 милиони евра. Сепак, навивачите на Челси уште не се сигурни дека во шпанскиот напаѓач добиле големо засилување какво што очекуваа, а неговите последни изјави кои наговестуваат враќање во Реал сигурно нема да придонесат за да расте неговиот рејтинг во западен Лондон.

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус веќе неколку пати “помеѓу редови“ истакнува дека не е премногу среќен во Лондон. Така тој имаше изјава во минатото во која вели: “Навистина ми недостасува Италија. Мојата сопруга би сакала да живее во Шпанија, а јас во Италија. “

Ако утре те повикаат во Мадрид, дали веднаш би одлучил да се вратиш или би размислувал? Го праша новинар по Мората, на што напаѓачот на Челси одговори:

– Морам да го почитувам Челси кој се потруди да ме донесе и среќен сум овде. Но Мадрид е секогаш Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=wQydusxYHss
Инаку, Мората добро започна во Челси. Хет трикот против Стоук го “лансираше“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата. Сепак, тој последен пат ја затресе мрежата на противниците во англискиот шампионат дури на 26. декември минатата година, а веќе некое време се мачи и со повреда на грбот.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави