20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

МВР: Кандидатите за полицајци ќе полагаат испит по сообраќај, граѓаните да имаат разбирање

Во периодот од 12 до 15 февруари годинава, во сите Сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот – Контрола на возила и возачи за 610 кандидати од Основна обука за полицаец 2017/18 година, соопшти МВР.

Во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје поради големиот број на кандидати (456) испитот ќе се одвива четири дена, од 12 до 15 февруари во периодот од 10 до 17 часот. Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.

Во понеделник испит ќе се спроведе на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип и Струмица. На 13.02. (вторник) на подрачјето на СВР Охрид, на 14.02. (среда) во Битола и на 15.02. (четврток) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Куманово и Велес.

МВР апелира до граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.

поврзани објави

Последни објави