18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Груевска Маџовска: Срам да ви е, во буџетот за култура ни денар за македонскиот јазик

На својот фејсбук профил професорката Симона Груевска-Моџовска со остри реакции до Министерството за култура и распределба на буџетот, вели на 49 страници ниту еднаш не е спомнат македонскиот јазик.
„Не што зборот не е збор, туку лажевте! Во Стратегијата на Министерството за култура 2018-2020 на 49 страници ниту еднаш не е спомнат македонскиот јазик! Какви фондови, каква афирмација! Ај сега нека излезе проф. Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик при Министерството за култура, кој држеше прес-конференции за мерките за афирмација на македонскиот јазик и нека објасни зошто ги нема! Исто како што и во Буџетот за 2018 година нема еден денар за македонскиот јазик! Срам да ви е!“, напиша професорката. 

поврзани објави

Последни објави