Наредната седмица стартуваат возбудувањата од нокаут фазата во Лигата на шампионите и тоа со мечевите Базел-Манчестер Сити, Јувентус-Тотенхем (вторник), Порто-Ливерпул и големото дерби Реал Мадрид-Пари Сен Жермен (среда).
Во пресрет на ова фаза од елитното натпреварување британски „Мирор“ разговараше со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси кој ги издвои составите кои според него беа најдобри и се најголема закана за неговата екипа. Аргентинецот става посебен акцент на четата на Пеп Гвардиола, односно Манчестер Сити како и на ПСЖ.
-Сити е една од најсилните екипи исто како и ПСЖ. Исто така не го исклучувам Реал Мадрид со оглед на искуството и квалитетот, иако тие сезонава не ги бележат очекуваните резултати. Потоа тука е Баерн Минхен, уште еден одличен соств кој игра до крај. Ама денеска најдобри се Сити и ПСЖ, -вели Меси кој со Барселона во ова натпреварување ќе се соочи со Челси.
Лео воедно даде свој коментар за новата Барселона без Нејмар кој минатото лето за рекордна сума на пари заврши во ПСЖ.
-Без Нејмар имаме поголема рамнотежа. Неговото заминување не натера да го промениме начинот на игра. Загубивме многу од напаѓачкиот потенцијал, ама се подобривме во одбраната. Имаме поголема рамнотежа и тоа ни овозможува да бидеме подобри, -порача Аргентинецот.
Извор: Derbi.mk