3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Санчез откри еден емотивен момент од соблекувалната на Барселона: Меси плачеше кога… (Видео)

Чилеанскиот ас, Алексис Санчез кој во јануарскиот преоден рок направи трансфер во Манчестер Јунајтед откри еден емотивен момент од времето кога го носеше дресот на Барселона кога Лионел Меси потполно скршен ронел солзи во соблекувалната на „Камп Ноу“.

Станува збор за еден натпревар и едно промашување за кое Меси не можел да си прости, тоа е реваншот од полуфиналето против Челси во Лигата на шампионите кога Барселона ги имаше сите предуслови за поволен резултат, водство од 2-0 и играч повеќе за да на крај заврши 2-2 и „сините“ се пласираа во финалето кое потоа го добија и го подигнаа најзначајниот трофеј.

Меси на таа средба промаши пенал при резултат 2-1, а тоа на крајот се покажа како клучно за исходот на натпреварот и двомечот.

-Мислам дека фудбалот спасува многу луѓе. Може да ви даде живот на луксуз, но луѓето не ги гледаат сите напори што се случуваат зад сцената. Тоа може да значи да не го гледате вашето семејство или да го испуштите роденнот на вашата мајка, многу играчи се толку фокусирани што го пропуштат раѓањето на нивните деца. Можете да плачете за време на натпревар ако загубите финале, тоа е дел од фудбалот. Во соблеквалната по мечот со Челси го видов Меси како плаче. Тоа е затоа што играчите бараат многу од себе, тоа луѓето не го гледаат. Научив толку многу со текот на времето и со искуството што го стекнав. Не можете да ги задоволите сите. Секогаш ќе има еден или двајца кои се лутат. Научив многу од играње фудбал: го сакам фудбалот и тоа е она што го правам. Уживам во себе и само се обидувам да бидам среќен, -истакна Санчез за „Скај Спортс“.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=QenBb3iIIyQ

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави