18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Каква ќе биде судбината на луксузниот Мерцедес чија вредност падна на 234 илјади евра?

Ќе добие ли нов газда екстра луксузниот мерцедес кој беше набавен по желба на поранешниот премиер Никола Груевски?  Блиндираните возила државата не може да ги смета како предмети со кои ќе тргува или ќе ги продава поради популистички предизборни ветувања, велат  упатените од оваа област. Вредноста на мерцедесот Ѕ 600 Гард  драстично паѓа со секоја година негово користење, покажа вештачењето кое  вчера ТВ 24 ексклузивно го објави.  Според проценителите кои ги контактиравме   грубите пресметки покажуваат дека тој за кратко време ќе стигне и до сума од 180 000 евра, пари со кои може да се купат само неколку амбулантни возила, кои ги најавуваше владата во предизборието,  додека се споредуваше неговата набавна вредност од 600 000 евра.  За Крунислав Барзов, новинар од автомобилската индустрија државата повеќе ќе изгуби ако го продаде мерцедесот и треба да купува поскапи слични возила.

„Лесно е да се даваат калкулации во име на популизмот, блиндирано возило. Може да чини и неколку милиони. 600 илјади евра може да чини фантастично многу, и не треба да купиме толку но треба да имаме блиндирани возила за луѓето која ја водат државата и нивните високи гости“, вели Крунислав Барзов – новинар од автомобилската индустрија

Министерот за внатрешни лани јавно за прв пат го прикажа мерцедесот кој го набави неговата претходничка Гордана Јанкулоска. Неодржуван, изгребан од мачки и запуштен го чувала претходната власт, обвини Спасовски тогаш. Но и тоа не е причина  после шест години  дека треба да се продава, вели  Барзов.

„Блиндираното е под кожата и металот, а надворешно подложи на физички оштетувања, но тоа сепак не е причина да се продава, напротив и треба да се вози во тоа возило иако дал ветување да се продава“, вели  вели Крунислав Барзов – новинар од автомобилската индустрија

Повеќе за ова на 24 ТВ

поврзани објави

Последни објави