3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски и Николоски на мини турнеја во регионот

v

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски од денес до среда ќе остварат средби со повеќе лидери и влијателни функционери во регионов на кои ќе ги претстават визиите на новото партиско раководство за идната соработка во југоисточна Европа и улогата на Република Македонија.

Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Словенија Јанез Јанша, претседателот на ХДЗ и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Србија Александар Вучиќ.

Средбата со поранешниот словенечки премиер Јанша е предвидена за денеска, додека во текот на утрешниот ден Мицкоски ќе разговара со Пленковиќ, а во среда е предвиден состанок со претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ.

На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка, соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот.

Целта на состаноците е да се споделат и информации околу застојот во демократските и економските процеси во Македонија во моментов и да се разменат идеи како истите може да бидат надминати.

поврзани објави

Последни објави