Манчестер Јунајтед денеска беше поразен на St. James Park од Њукасл со резултат од 1:0.
Исклучително лош натпревар одигра тимот на Мурињо, своите шанси ги пропуштија и на крајот заслужено беа поразени.
Очаен денеска беше и некогаш најскапиот фудбалер на светот Пол Погба. Французинот одигра лош натпревар, а Мурињо одлучи да го замени со Мајкл Керик. Големо незадоволство владееше кај играчот од средниот ред на Јунајтед, а како играше и те како има право да биде незадоволен.
Секако, ниту социјалните мрежи не останаа имуни на ваквиот израз на неговото лице и сите го исмеваа.