Не може, Радмило, цела кампања против Груевски да ја тераш со полна уста “слободни новинари и медиуми”, да се притресуваш на бина во име на демократии, во кошулките со карнерки, а во кабинет потоа да земеш медиумски деспот, некој, за кој никој не кажа убав збор. Еве, веќе 5 дена.
Уште чекаме, бар еден да се јави да каже – “Жената стварно е експерт”.
Не е Министерство за одбрана твоја лична своина, вилает, сарај, не си дотолку семоќна, за да мислиш дека ти е дозволено да вработиш некој кој замолчувал новинари, бркал од работа и ги тормозел, додека тебе ти врвеше киријата од 5.000 евра и други профити (кои не ги знаеме).
Појма немаш низ што се’ помина новинарската фела, додека ти беше на топло, поточно удобна нафатирана опозиционерка.
Имаш ли капацитет да сфатиш како живее обичен човек, кој е на плата и кредити ?
Всушност, имаш ли капацитет да соопштиш кој толку да те задолжил за вака да се оцрнуваш и да паѓаат акциите на цела партија како на Волстрит, на “црн петок” ?
Ти не смееш и нема да ти биде дозволено да си играш со луѓе, кои, мрзнеа по протести, ризикуваа работни места и нерви, само за твоето газе да дојде на власт.
И сега да ти ги слушаат, во својство на политичка буржујка, твоите дефиниции за експерти, срцепарателни шунд демагогии од 0,50 дени во трафика, затоа што одамна ги класифициравме, архивиравме и запечативме во црна книга- експертутките. Со име и презиме.
И ти сериозно мислиш дека овој народ има уште гласови за тебе ? Дека не ја научи лекцијата, после 11 години “Груевски” ?
Аферите и скандалите се трупаат. Со секој нов ден.
Борис-“Немам време да чекам да пораснеш”.
(Г.Стефановски, Хај Фај)