5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски се сретна со Јанез Јанша: Економијата во Македонија стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во работна посета на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија. Во текот на вчерашниот ден Мицкоски и Александар Николоски остварија средба со поранешниот премиер и сега лидер на словенечката опозиција и претседател на СДС Јанез Јанша. На средбата во Љубљана се разговараше за повеќе актуелни теми, врзани за можностите за меѓу партиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата врзани со членството во НАТО и ЕУ.

Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за сто најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области. Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој најмногу корист ќе имаат самите граѓани, посочи Мицкоски.

Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои.

Лидерот на СДС Јанша даде подрска на ВМРО ДПМНЕ и изрази надеж дека државата сто побрзо ќе оствари конечен напредок во однос на нејзините евроатлански интеграции.

поврзани објави

Последни објави