Екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите по денешното судско рочиште рече дека ова е брука од суд, се жалеше дека се играат игри и дека целото судење е фарса.
– „Ова е брука од суд. Против мене се води политички процес. Тераат под политички притисок. Овде судиите мораат да одработат, вели Груевски.
Ова е политички процес против мене, како и сите обвиненија на СЈО. Не сум изненаден што не ни ги прифативте приговорите“, рече Груевски. На ова судијката Добрила Кацарска го опомена Груевски да не зборува за политика во судницата. „Јас не би ја мешал политиката да не е ова политички процес. Може и новинарите да станат вештаци. Ова е брука од суд“, рече Груевски. Тој побара одговори од судијката зошто се одбиени приговорите за бомбите како доказ и за вештачењата на СЈО.