18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Виница со буџет од 220 000 денари ќе ги заловува кучињата скитници

220 000 денари е сумата која општина Виница годинава ќе ја потроши за заловување на кучиња скитници кои дефинитивно се сериозен проблем во секое населено место. Денес се спроведе првата акција од страна на Ветеринарно стационарниот центар “Тодор Велков“ од Куманово, кој беше избрана на тендер како најповолен понудувач.

Во првата акција за 2018 г. беа заловени кучиња кои беа детектирани од надлежните служби во општина Виница како потенцијална опасност за децата и возрасните. Меѓутоа, овие акции ќе бидат спроведени повеќекратно, и затоа останува апелот до сопствениците навреме да ги приберат .

Проблемот со кучињата скитници и понатаму останува актуелен, и се погласни се апелите по социјалните мрежи за изнаоѓање други законски решенија во третирањето на овој проблем, бидејќи актуелните решенија во изминативе години носат пари од општинските буџети, а поплаките и реакциите од граѓаните никако да стивнат.

 https://www.facebook.com/search/top/?q=op%C5%A1tina%20vinica

поврзани објави

Последни објави