-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Не мислат на бегство, туку само на фудбал! Ова не е Идризово, ова е затвор во кој фудбалот е закон!

Лузира е името е најстариот затвор во Уганда со максимална безбедност, од која практично и нема потреба бидејќи луѓето не мислат на бегство, туку само на фудбал.

Фото
Во овој затвор кој постои 80 години лежат најлошите криминалци, но тие не се колат и тепаат, туку тренираат, па така за овој затвор се вели дека е најбезбеден благодарение на фудбалот.

Тој не се игра чисто рекреативно, колку да утепаат време, туку фудбалот е до толку станат сериозен што постои и лига со претседател и судии.

Составена е од 10 екипи меѓу кои најпознати се Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул и Барселона.
Во затворот обично лежат по 700 луѓе, но во моментов има 3.000. Лузира бил познат по големото насилство, но се сменило во 2000-та, откако се формирала лигата.
Фото
Замислите во март годинава за прв пат откако е отворен затворот во 1948-ма година, во посета им дојде делегација на фудбалската федерација на Уганда, предводена од претседалот кој им донираше спортска опрема.
Репортажа на Вајс
Фото

поврзани објави

Последни објави