Планинарското друштво „Трансверзалец“ најави дека во наредните денови, најдоцна до петок, ќе се обрати во врска со трагедијата која се случи на „Кајмакчалан“ каде загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, членови на друштвото.
„Трансверзалец“ пред јавноста ќе излезе заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш ги замоли сите планинари да се воздржат од изјави и да ја коментираат трагедијата.
Калина Велевска и Александар Миновски викендов беа пронајдени на врвот Кајмакчалан од страна на грчките служби за спасување по што биле пренесени во болница каде е констатирана смрт на планинарите.