fbpx
17.8 C
Skopje

„Трансверзалец“ ги повикува планинарите да не даваат изјави за трагедијата на Кајмакчалан

АКТУЕЛНО

Планинарското друштво „Трансверзалец“ најави дека во наредните денови, најдоцна до петок, ќе се обрати во врска со трагедијата која се случи на „Кајмакчалан“ каде загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, членови на друштвото.

„Трансверзалец“ пред јавноста ќе излезе заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш ги замоли сите планинари да се воздржат од изјави и да ја коментираат трагедијата.

Калина Велевска и Александар Миновски викендов беа пронајдени на врвот Кајмакчалан од страна на грчките служби за спасување по што биле пренесени во болница каде е констатирана смрт на планинарите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -