Крилото на ПСЖ Анхел Ди Мариа соопшти, дека нема проблем да замине во Барселона, откако се меѓу него и кралскиот клуб е завршено.
Аргентинецот играше во Реал Мадрид во периодот од 2010 – 2014 година, откако имаше неуспешна сезона во Манчестер Јунајтед, а од 2015 г. е во францускиот клуб а утре вечер ќе се сретне со белите во шпанската метропола.
– Мојот период во Мадрид заврши и не сакам да се вратам назад. Само ќе кажам дека, немам никаков проблем да заминам во Барселона. Единствено не би потпишал за Ноелс Олд Бојс, бидјеќи сум голем фан на Росарио Сентрал, изјави тој пред списанието “So Foot“, верувајќи дека, Принцовите имаат сила да ја освојат Лигата на шампионите.