18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Најубавите соништа за слобода се сонуваат во темница! НЕВЕРОЈАТНА ФУДБАЛСКА ЖИВОТНА ПАТЕКА

Животот на Габриел Хесус

Да му го кажал некогаш некој дека сега ќе јаде во скапи ресторани и ќе носи маркирана облека, веројатно само би се насмеал и тоа би го разбрал како некоја шега.

Бразилците се создадени за фудбал и се синоним за мајстори со топка. Некои остануваат засекогаш таленти, некои дрогата ги води на погрешен пат,  а еден мал процент од нив завршуваат во големи евроспки клубови.

Габриел Хесус имаше тежок почеток, како и поголемиот број од играчите на Сао Паоло, но денешниот член на богатиот европски клуб Манчестер Сити, има повеќе милионски договор и среден живот. Веројатно и тој самиот понекогаш мисли дека е ова е само убав сон.

Како 11. годишно момче (како што е на фотографијата) 2009. година, освои трофеј со бразилскиот клуб Pequeninosom. Тие денови Хесус Габриел мечтаеше и сонуваше за нешто што му се случи осум години подоцна.

Опасни ликови, убијци и дилери, кражби, сиромаштија… Сето ова беше дел од секојдневната и сурова реалност на него и многу други бразилски деца.

ФОТО

– Понекогаш децата се возат час време во автобус да би добиле некој оброк, храна која потоа би ја носел и на родителите…Пире и леб … нешта кои се конзумираа секој ден, раскажува фудбалерот кој кој своето детство го поминал без татко и беше најмлад од четири браќа и сестри.

Неговата мајка Вера Лусија беше единствената која се грижеше за него и го опиша како “тивок, смешно и пристојно момче на кого фудбалот му е се во животот.“

Од Pequeninos до Palmeiras, каде што почна да расте во зрел и сериозен играч, па до Манчестер Сити, кој за него плати неверојатни 27 милиони фунти.

“Pequeninos е всушност многу повеќе за него од обичен фудбалски клуб. Не размислувавме за плажи, палми и сите тие работи, ние бевме како во некој фудбалски затвор. Таму каде што игравме немаше трева, а околу самото игралиште имаше бродови. Таму игравме ние и полицајците од затворот. Но, сите мои соништа настанаа токму таму, на тој ужасен безтревен терен“, вели Хесус.

Потоа продолжува да раскажува за игрите со некои сериозни момци, кои не сакаат кога губат.

ФОТО

– Почнаа да ме тепаат секој пат кога ќе ја допрев топката. Беа поприлично луди, како навистина да сакаа да ме повредат, да ме потценат и да си играат со моите чувства, се присеќава фудбалерот.

Подоцна кога пристигнал во Ман. Сити открил дека нема автомобил и дека на своите тренинзи го вози неговата мајка, а неговата бивша не го сакала поради тоа што не бил доволно успешен.

Најубавите соништа за слободата се сонуваат во темница, ќе каже германскиот книжневник  Friedrich von Schille и совршено би го опишал животот на новата европска ѕвезда во фудбалскиот свет.

А се започна овде….

ФОТО

 

поврзани објави

Последни објави