Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп положи заклетва како 45-от американски претседател.
Тој пристапи кон својот нов дом. Таму беше пречекан од Мишел и Барак Обама. Најголемото изненадување беше подарокот кој Мишел Обама и го предаде на новата прва дама на САД.
Заклетвата му беше проследена со топовски почесна стрелба. За време на денешната средба тој стави рака врз две Библии. Првата, изгравирана со името на претседателот, е подарок од неговата мајка по повод завршувањето на обука во основно училиште од 1955 година.
Втората е истата онаа која ја користел Абрахам Линколн за својата заклетва пред 156 години. Истата книга е користена и од Барак Обама при преземањето на функцијата како прв афроамерикански претседател во 2009 година, кој помина два мандати како шеф на државата.
Трамп исто така посочи дека, 2017 година ќе биде запомнета како година во која народот ја вратил власта во своите раце. „Ние ја пренесуваме власта од Вашингтон на луѓето, на народот“, рече тој.
Во однос на економијата, тој изјави дека државата ќе се води на две правила „Купувај американски производи и вработувај американци“.
Трамп посочи дека исламскиот тероризам ќе биде „искоренат целосно од лицето на Земјата“.
Новоизбраниот претседател својот говор го заврши со својот слоган од предизборната кампања „Ќе ја направиме Америка повторно силна“.