fbpx
18.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Дрвото од градоначалник Жерновски престојува во луксузниот хотел Рила во Боровец

АКТУЕЛНО

Прес денес одржа и Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве што кажа Робовалиев:

„Помина веќе цела недела откако има снежни наноси, а од фејсбук градоначалникот Жерновски ни трага ни глас на терен со граѓаните.

Најверојатно Жерновски, толку многу се уморил од градењето на Боемските улици, забавите со тамбурашите и Ди-џеите, па решил малку повеќе да одмори.

Мрзливиот Андреј Жерновски е ендемски вид од градоначалник. Тој со своето работење, односно не работење успеа од Општина Центар да направи периферна планинска општина која не може да се справи со снегот. Тој е единствениот градоначалник од ваков вид.

Додека граѓаните мака мачат со снегот, не можат со автомобили да се искачат по угорниците и да стигнат до своите домови, не можат да отидат до своите работни места, секојдневно заработуваат скршеници на екстремитетите, мрзливиот Жерновски ужива во зимската идила во луксузниот Боровец и демонстрира грижа за центарци на ФЕЈСБУК.

Додека граѓаните од Центар го исмеваат скијајќи се, бордајќи и санкајќи низ улиците на Центар, дрвото од градоначалник престојува во луксузниот хотел Рила во Боровец.

Мораме да истакнеме дека 7 дневен аранжман во хотел Рила за четворица чини околу 1400-тини евра, а дополнително 4 ски карти за 7 дена чинат 890 евра или вкупно зимувањето на мрзливиот Жерновски и неговото семејство чини околу 2.500 евра. Замислете, Жерновски за само 7 дена троши 7 ипол просечни македонски плати.

Жерновски да се врати во Скопје, да заборави на одморите и зимувањата и да им ги исчисти улиците на центарци. Срамот кој го трпат центарци заради нивниот градоначалник е голем колку мрзата на Жерновски.

Центарци не заслужуваат ваков третман“, изјави Васко Робовалиев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -