3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Обвинетите во „ТНТ“ денеска на увид во „бомбите“ за „Космос“

Судското рочиште за случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ денеска нема да се одржи, бидејќи обвинетите ќе вршат увид во доказите на Специјалното јавно обвинителството. Станува збор за 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење.

Од Кривичниот суд велат дека за датумот кога ќе продолжи судењето дополнително ќе информираат.

Во случајот „ТНТ“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Сите седуммина обвинети, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, се изјаснија како невини. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.

Цаноски, пак, и претставникот на фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета. Апелациониот суд лани одлучи прислушуваните разговори во случајот ТНТ да може да се користат како докази во судската постапка.

поврзани објави

Последни објави