СДСМ да престане со конфузните реакции и соопштенија и да се зафати со исполнувањата што им ги вети на граѓаните. Досегашните политики на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ако се воопшто и некакви политики, се покажаа погубни за граѓаните на Скопје“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Според опозициската партија, градската администрација предводена од Петре Шилегов ниту е одговорна, ниту е услужна и најмалку работи во интерес на граѓаните и на градот. Освен што се занимава со стопирање на речиси сите проекти започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи и изградба на улици, булевари, паркови, водовод и канализација, речиси ништо друго нема понудено Петре Шилегов. Затоа граѓаните не можат да видат ниту еден почнат проект, а нема ниту најава во брзо време да се почне што било.
„СДСМ и Петре Шилегов наместо да се занимаваат со шизофрени обвинувања, да дадат одговори на прашањата што ги мачат граѓаните на град Скопје – зошто Скопје останува најзагадениот град во Светот, зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување рејтинг-анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ? До каде е изградбата на Универзалната сала? До каде е проектот овошје за секое дете во училиштата? Зошто нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје? Предвидува дислоцирање на галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови. До каде е гасификацијата на Скопје? Зошто главна цел е како да се вдомат партиските кадри? За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет.
Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, со вакви политики Петре Шилегов е најнеспособниот и најнеуспешен градоначалник на Град Скопје. „Ако во првите 100 дена вака се однесува најнеспособниот градоначалник, тогаш граѓаните на Скопје гласале за лаги и манипулации, а разочарувањето од ден на ден е сè поголемо“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.