Иако ПСЖ минатото лето успеа да го засили својот тим со неколку звучни имиња во фудбалскиот свет, сепак клубот не успеа да забележи победа во првото осмина-финале во ЛШ и се поразени од 3:1 од кралскиот клуб Реал Мадрид.
Од Парижаните се очекуваше многу повеќе во првиот натпревар на Сантиаго Бернабе и јасно е дека ги очекува тешка задача во реваншот. ПСЖ мора да ја стигне предноста од 3:1 и тоа против клубот од Реал.
Доколку ПСЖ не успее да го победи Реал јасно е дека тренерот Емери ќе добие отказ. Како што пишуваат медиумите Нејмар разговарал со челниците на клубот и изразил желба Жозе Мурињо да биде човекот кој ќе го преземе кормилото на клубот од наредната сезона. Сепак, португалскиот стручњак штотуку ја продолжи соработката со Јунајтед и тешко е да се очекува дека ваквата желба на Бразилецот ќе биде реализирана.