20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Николоски: Им судат на истакнати лица од ВМРО-ДПМНЕ, а немаат докази

Откако минатата година беше избрана нова влада во Македонија предводена од СДСМ и од тогаш ВМРО-ДПМНЕ е под силен напад. Во овој момент шест членови на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ од мојата политичка партија се во притвор, дванаесет проценти од нашата парламентарна група се во притвор, веќе 90 дена со обвинувања за тероризам против државата, изјави во обраќањето во Будимпешта, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

На самитот во Будимпешта каде се обрати Николоски, ВМРО-ДПМНЕ стана полноправна членка на Центристичката демократска интернационала која е светска организација на десни политички партии.

Николоски на присутните им објасни дека според законот во Македонија до две години можат да ги држат во притвор и по истекот на тие две години ќе кажат ништо извинете немаше ништо тука.

-Паралелно со ова, повеќе од двесте членови на мојата партија се под истрага, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, голем број на членови на неговиот кабинет и сите истакнати членови на мојата партија. За голем дел од нив се прави телевизиски спектакл. Но, генерално не постојат докази, туку само шоу што трае подолго од една година, вели Николоски.

Тој објасни дека скоро сите медиуми кои не ја поддржуваат владата, нивните сопственици или се веќе во суд или се под истрага.

-За тие кои решија да не ја поддржуваат владата истрагата продолжува. Паралелно со ова владата во комуникациите со меѓународната заедница кажува само убави зборови и премиерот ги кажува оние работи кои меѓународната заедница сака да ги чуе. Зборуваат со убав речник, убави ветувања, фокусирани на проблемот со името кој и ние сакаме да го решиме и исто така сакаме да се реши час поскоро и Македонија да стане дел од НАТО и да започне со преговорите за членство во ЕУ. Но практично го користат овој проблем како дозвола за убиство и репресија на опозицијата, објаснува Николоски.

Тој се осврна и на економската состојба во земјава. Според Николоски во Македонија има јасен напад врз човековите права и оти тоа е обид за прикривање на лошите економски резултати.

-За прв пат во 2017 година Македонија имаше пад на БДП. Дури и во годините на светската економска криза и европската должничка криза, Македонија бележеше позитивен раст на БДП и беше една од ретките земји во светот која бележеше раст, за разлика од тоа во 2017 имаше пад на БДП, рече Николоски.

Според него пропагандата главно спонзорирана од фондациите и невладините организации блиски до Џорџ Сорос успеаа да ја уништа сликата за ВМРО-ДПМНЕ и за жал голем број на пријатели од меѓународната заедница или ги премолчуваат шесте притворени пратеници или зборуваат за нив за сцената.

-Ова е мој апел со кој бара поддршка за овие шест луѓе кои досега се повеќе од 90 дена во притвор без обвинение и без активна истрага во овој момент. Мислам дека покрај сите потешкотии добро е што народот е зад нас. Следната година ќе има претседателски и се надеваме предвремени парламентарни избори, се надеваме на добри резултати и се надеваме дека овој политички терор кој се случува на мојата политичка партија ќе заврши, заклучи Николоски.

поврзани објави

Последни објави