Легендата на фудбалскиот свет, еден од играчите кои оставија свој белег на Олд Трафорд и беа синоним за она што значеше љубов спрема својот клуб и своите навивачи е Пол Сколс. Тој во една своја не одамнешна изјава призна дека го напуштил фудбалот т.е завршил со својата политичка кариера оној момент кога Бејл играше во Тотенхем.
– Буквално поминуваше како брз воз покрај мене. Тогаш игравме со Тотенхем, натпреварот го изгубивме со 2-3. Јас имав уште сили да играм добро со топката, но Бејл беше упорен и помина како брз воз покрај мене. Тогаш заклучив дека е време за во пензија, рече Сколс.