-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нуклеарните кодови на САД веќе не се тајна за Трамп

Точно пред да почне церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп, тој бил запознаен со таканареченото „нуклеарно куферче“ што го активира нуклеарниот арсенал на САД, јавува телевизијата NBC.

Со контролата на таквото куферче Трамп веќе има контрола врз повеќе од 4. 000 нуклеарни боеви глави. Според NBC за брифингот кој се врши од високи функционери на Пентагон на денот на инаугурацијата, се знае малку.

Познато е дека во чантата има компјутер, модеми, мобилни и сателитски телефони, па дури и инструкции за употреба, но не и црвено копче.

Американското нуклеарно оружје се пушта по силно заштитена линија и со воведувањето на нуклеарни кодови кои се менуваат секој ден.

Пред инаугурацијата Трамп добива и посебна електронска картичка на која се содржани сите лозинки. Таа се активира по електронски пат веднаш по заклетвата.

поврзани објави

Последни објави