Екс фудбалерот на Арсенал и Барселона, а сегашен член на „сините“ од Лондон, Цеск Фабрегас, и открива на фудбалската јавност повеќе детали за тоа како момците на Антонио Конте дознале дека нивен противник во првата нокаут фаза од ЛШ ќе биде токму каталонскиот клуб каде што беше и тој член.
„Ние бевме на тренинг, и мислам дека Тибо Куртоа беше првиот кој откри, односно му беше пренесено од човекот кој е задолжен за нашата опрема во соблекувалните, дека одиме на Барселона. Уште тогаш сфативме дека ќе биде возбудлив двомеч против мојот поранешен клуб“, истакна Фабрегас.
Да, точно е дека тие се едни од најдобрите тимови во светот, но тоа не значи дека само ние треба да ги почитуваме. И тие треба да имаат почит спрема нас. Да одиграме два најдобри меча како што знаеме и умееме, затоа што во фудбалот никогаш ништо не се знае, се може да се случи“, изјави Фабрегас.