18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Трамп поддржува построги проверки при продажбата на оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржа иницијативата да се зајакне сојузната проверка на податоци на купувачите на оружје во САД, после минатонеделниот масакр во кој беа убиени 17 лица во средното училиште на Флорида, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека Трамп минатата недела разговарал со републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин за предлог закон, кој го изработил заедно со демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи, долгогодишен борец за построга контрола на продажба на оружје.

поврзани објави

Последни објави