14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Со ова момче наскоро ќе се гордееме сите: Антонио Мирков е голема надеж за македонскиот фудбал

Порталот „Курир.мк“ со нова рубрика “млади таленти“ во која ќе ги промовира успесите и талентите на младите македонски спортисти, пејачи, актери, манекени, музичари.

Започнуваат со момчето чие име е добро да се запомни бидејќи истото ветува големи успеси во македонскиот спорт.

Нема наполнето ниту 15 години, а веќе наголемо трча кон својот замислен пат до успехот. Младиот Антонио Мирков е голема надеж дека македонскиот фудбал ќе има иднина.

Негова цел е да настапува промовирајќи го македонското знаме, а тоа одлично го прави уште денес како дел од големиот македонски бренд Вардар.

Кога сфати дека она со што сакаш да се бавиш е фудбалот и кој ти беше најголема поддршка во таа твоја одлука?

-Кариера на дете спортист ја почнав со пливање на 5-годишна возраст. Како што растев, сфатив дека во фудбалот се пронаоѓам, па веќе на 7-годишна возраст бев запишан во фудбалската школа „Форца“. Најголема поддршка уште од првиот ден ја имам од татко ми, кој е мој верен навивач и критичар на сите натпревари, вели Антонио за КУРИР.

Какво е твоето искуство од фудбалската школа и што е она кое таму го научи?

-Јовче Џипунов е тренерот кој ме калемеше како играч цели 6 години. Знае да препознае талент и да му ја пренесе целата фудбалска техника. Покрај големото име на Џипунов, со него се Гоце Петрески и Синиша Лучиќ тренери, педагози и другари на децата, па лесно е со добри тренери да се добие добар фудбалер, а треба да вложиш трпение, дициплина и љубов да се даде, вели младиот фудбалер за КУРИР.

Повеќе за ова на Курир.мк

поврзани објави

Последни објави