Енди Кол не е актуелен како голем број други поранешни фудбалски ѕвезди, но фудбалските фанови се уште ги паметат неговите голови и титулите кои ги освои со Манчестер Јунајтед, клуб со кој стана и европски шампион.
Поранешниот англиски репрезентативец преживеа и една животна драма откако при посета на Виетнам закачил вирус кој ги оштетил неговите бубрези. Здравствената ситуација му била навистина лоша, но во пресрет му излегол неговиот внук кој сам инсистирал да му донира бубрег.
– Тој ми рече, слушај не можам да те гледам ваков, постојано си уморен и исцрпен, не можам да те гледам да го живееш животот на ваков начин. Потоа беше првиот кој направи тест и излезе дека може да биде донор, се плашев да не има последици по него, но за среќа и неговиот организам реагираше совршено.
– Сега сум негов голем должник, двајцата го знаеме тоа. Отсекогаш сме биле блиски, но по ова станавме уште поблиски, потенцира Кол.
Извор: Derbi.mk