14.8 C
Skopje
недела, ноември 16, 2025

ВИДЕО: Лудо турско дерби – мајстории на Кварезма за пресврт-победа на Бешикташ над Фенер!

Екипата на Бешикташ одигра нов шампионски меч и преку пресврт успеа да слави во големото дерби на турскиот фудбал против Фенербахче (2-1).

Мечот започна со спорен момент и инцидент, откако фудбалерите на Фенербахче преку Фернандао поведоа со 1-0, но голот беше нерегуларен, бидејќи Бразилецот пред да ја упати топката во домашниот гол беше во недозволена офсајд ситуација.

Сепак, помошникот на Чакир не ја забележа оваа ситуација и предизвика гнев кај домашните фанови кои започнаа со тврди предмети да фрлаат кон фудбалерите на Фенербахче, а во главата беше погоден играчот за врска Мехмет Топал. До крајот на првиот дел Бешикташ беше подобар противник, создаде неколку полушанси, но Камени успеа да ја зачува својата мрежа незатресена.

Стартот на вториот дел ни донесе неколку вистински возбудувања. Во 49. минута домашниот дефанзивец Домагој Вида ја натскока одбраната на Фенербахче и израмни на 1-1. По само неколку минути, Фернандао не реализира зицер, а во продолжението на акцијата Гари Медел спречи ново водство за Фенер, откако со глава спаси чист гол за гостите.

Повеќе за ова на Gol.mk (извор)

поврзани објави

Последни објави