24.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Јилдирим: Турција може да ја неутрализира секоја закана

Турскиот премиер Бинали Јилдирим порача дека Турција може да ја „неутрализира секоја закана“, пишува „Екатимерини“.

Турскиот провладин весник „Стар“, таа изјава ја гледа како „индиректна закана и предупредување за Кипар и Грција“.

Имено, Јилдирим, при претставувањето на новата подморница во Мармарис навел дека „додека Турција се бори против тероризмот и на домашно и на меѓународно ниво, некои сакаат да ја искористат ситуацијата, смислувајќи разни планови и замки во Егејското и Средоземното Море“.

Коментирајќи ја таквата ситуацијата, тој порачал дека, „без оглед за каква закана станува збор, Турција има начини и средства за да ја отстрани“.

поврзани објави

Последни објави