13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Матиќ им покажа на сите што му напиша Мурињо

Матиќ им покажа на сите што пишува на фамозното ливче

Има смисла за хумор

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ за време на вчерашниот натпревар против својот бивш клуб Челси од Жозе Мурињо доби ливче со порака која најпрвин го заинтересира Вилијан, а потоа и комплетната спортска јавност.

И додека Бразилецот како некое мало момче трчаше покрај Матиќ за да прочита што пишува, социјалните мрежи го преплавија интернетот со фотомонтажи во кои навивачите го нагаѓаа нејзиниот текст.

Така можеа да се видат фотографии на кој е нацртан автобус, пораки од типот: Чувај го Chris Smalling и слично, по што се огласи и самиот Матиќ.

Тој се фотографираше со ливче на кое пишува “Доби три дена слободни“, што секако го напишал самиот тој.

Фотографијата на Матиќ објавена на Инстаграм собра многу лајкови и коментари, а сјајниот играч на Јунајтед покажа дека има исклучителен смисол за хумор.

Nemanja

поврзани објави

Последни објави