7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Џенифер чувала порака од Бред повеќе од 10 години, а сега се зборува дека се разведува поради неа!

Откако Џенифер Анистон и Џастин Теро потврдија дека се разделуваат, „на големо“ се шпекулира што е вистинската причина за разводот.

Во морето разни терории, се издвои текст кој го објави списанието „US Weekly“ каде се вели дека Теро збеснал кога прочитал стари пораки од Бред Пит, кои Анистон ги чува повеќе од 10 години.

На Џастин воопшто не му било пријатно кога тој случајно налетал на пораките што ги напишал Бред кои гласеле: „Веќе ми недостигаш„ и „Изгледаш одлично вечерва“.

Џенифер го убедувала дека тоа не значи ништо и дека не мора да се грижи за тоа, но Џастин не ѝ поверувал.

ФОТО

Од друга страна, се зборува дека Теро наоѓа утеха во прегратките на Наоми Вотс, но не постои официјална потврда за таа врска.

поврзани објави

Последни објави