14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Ѕанакопулос: Преговарачката позиција на Грција е промена на уставот на Македонија

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото ,,Real FM’’ , пренесува МИА.

-Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Нешто што значи дека предуслов е уставната ревизија од страна на нашите соседи, за да најдеме едно одржливо, стабилно и заемно политичко решение за кое сите ќе можат да се чувствуваат горди, и двата народи истакна Ѕанакопулос во интервјуте за грчкото радио.

Каj македонската влада има огромна доза на оптимизам за брзо решение на спорот. Доколку се земат во предвид грчките позиции за ерга омнес решение и изјавите на Заев дека географската одредница е прифатливо решение на спорот за името и дека македонската страна нема црвени линии, тогаш очигледно од која страна се очекува да попушти.

поврзани објави

Последни објави