14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Општина Сопиште го сака споменикот на Ќосето

Општина Сопиште го бара споменикот на Андон Јанев Ќосето, за да го постави на кружниот тек во селото. Ова барање од општината се подготвуваат да го достават до Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, откако ќе го разгледаат на денешната седница на Советот на Општината.

„Доколку ова наше барање биде прифатено, споменикот би се поставил на кружниот тек во село Сопиште, кој беше изграден при изградба на регионалниот пат кој го поврзува Сопиште со Сончев Град и Градот Скопје, а кој простор се уште не е доуреден. Барањето го поднесуваме согласно донесена Одлука од страна на Советот на општина Сопиште на седница одржана на ден 27.02.2018 година. Се надеваме на позитивен одговор од Ваша Страна, се наведува во барањето од Советот на Општината.

Споменикот на Ќосето , пред една недела беше отсранет од постаментот пред Судската палата со образложение од Град Скопје дека станува збор за дивоградба. На негово место сега ќе биде засадено дрво посветено на човековите права, велат од Град Скопје, со порака дека секој има еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд.

поврзани објави

Последни објави