Ве молам како народ Македонски, ние сме свет народ, горд народ. Нашата Македонска земја е запишана во Светата Библија и сега некој сака да не избрише, а зошто сака? Затоа што никој од тие народи не постојат во таа книга. Затоа, ве молам, да бидеме достоинствени, да си го чуваме името наше македонско, нашиот македонски јазик, нашиот македонски идентитет, унитарниот поредок на нашата света Македонска земја, да си го чуваме името на нашата Македонска Црква.
Црквата никогаш нема да се откаже од Вас. Време е еднаш засекогаш гласот на народот, гласот божји да го слушнат нашите претставници, нашите државници, болката на народот, жалоста на народот. Треба да го слушнат овој глас на народот. Н
На многаја лета, Бог да ве Благослови, рече владиката Агатангел на денешниот протест за одбрана на името Македонија.