12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Христијанско Братство: Или ќе не има или ќе не нема, сме биле Македонци и ќе останеме Македонци

Христијанско Братство од денешниот протест испрати неколку пораки:

Сакате да го смениме името? Ќе го смениме, но прво вие ако успеете во секоја света книга Библија во светот да го избришете името Македонија, тогаш и ние ќе го смениме.

Сонот на Христијанско Братство е Обединета Македонија. Да научите едно – родени сте во Македонија, Вие сте Македонци, не Албанци, не шиптари. Трпението на Македонскиот народ е при крај. Ако мислите дека 2001 ќе ја повторите, нема да ја доживеете 2019. Толку болка и зло нанесовте на овој народ, го крадете 28 години овој народ, од денес Христијанско Братство ќе ви вети денеска дека до последно ќе се гине за Македонија.

Последната порака е до Македонците е да излезат од своите домови и да ја бранат Македонија овде.

Пораки до власта и решенија:

– Под итно да се сопрат сите деструктивни политики на оваа власт кон Македонија
– Распишување предвремени парламентарни избори
– Да се формира легитимно Собрание
– Да има попис да се знае кои сме, што сме, колку сме
– Да се соберат сите здруженија да се исцрта една национална стратегија и да се направи црвена линија и рамка кои ако бидат преминати ќе бидат судени од својот сопствен народ на плоштад
– Слобода за патриотите, кои не се терористи

 

 

поврзани објави

     

Последни објави