Џанлуиџи Буфон во ексклузивното интервју за „Тики Така“ откри дека има донесено конечна одлука околу тоа дали ќе ја продолжи кариерата по крајот на актуелната сезона, а покрај тоа што посочи дека истата ќе ја соопшти кога ќе мисли дека е правилно време за тоа, еден негов одговор од ова интервју привлече посебно внимание поради зборовите кои ги употреби за двајца неверојатни играчи.
Запрашан за тоа кој е најтешкиот противник со кој некогаш се соочил во фудбалот, легендарниот голман на Јувентус без многу размислување одговара дека тоа е неповторливиот бразилски „Ил Феномено“ Роналдо, напаѓач кој според него бил играч од друг свет и од друга планета.
Буфон во својата долга и неверојатна кариера за противници ги имаше и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но според него, ниту двајцата немаат технички квалитети како што имаше Роналдо.
– Најтежок противник? Роналдо „Ил Феномено“, тоа беше нешто неверојатно. Во таа ера на фудбалски гиганти беше многу тешко да видите некој со таква сила, со такво знаење, со таква брзина и со ткава техника. Мислам дека Меси сега има неверојатни и слични квалитети како него, но ја нема таа сила како Роналдо. Во тоа време се чинеше дека Роналдо е вонземјанин кој игра против луѓе, – потенцира Буфон.