Да поминете 8000 километри само за да го гледате својот омилен клуб и да дознаете дека натпреварот е одложен, само по себе не е забавно, а токму тоа му се случи на еден навивач на Виган, Will Jones од Соединетите Американски Држави.
Имено, ширум Велика Британија веќе неколку дена владеат доста лоши временски услови. Снегот и ладното време го пореметија секојдневниот живот на Островот, па така и одигрувањето на многу натпревари.
Логично, поголемиот број на натпревари се одложуваат во пониските лиги каде што стадионите немаат адекавтно греење на стадионите, па така натпреварот во прва лига, од третиот ранг на англискиот фудбал, меѓу Бристол Роверс и Виган во текот на вчерашниот ден, беше одложен.
Теренот на стадионот на Бристол Роверс беше потполно заледен, па немаше услови за истиот да се одржи, а тоа беа лоши вести за еден навивач на Виган.
Имено, овој симпатизер на Виган дошол од САД од каде што преминал цели 8000 километри како би уживал да го гледа својот омилен тим, но сепак на крајот добил големо разочарување.
Бев разочаран, но од минатата недела знаев дека постои шанса да се одигра овој натпревар, така да помалку и како да се спремав за едно вакво сценарио, изјави Џонс, навивачот на Виган од Утаха.
Сепак, тој ќе биде присутен на натпреварот Виган – Блекбурн кој ќе се одржи овој викенд.