19.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

(ФОТО) Интересна ситуација на теренот: Гвардиола заборави да отстрани еден детал од својот шал

Пеп Гвардиола на импресивен начин го предводи Манчестер Сити кон шампионската титула во Премиер лигата, тоа го докажа и вчера со гостинската победа против Арсенал со 0:3, но еден друг момент го привлече вниманието исто така.

„Граѓаните“ оваа сезона изгледаат незапирливо и речиси сигурно е дека ќе бидат новите шампиони на Англија.

Синоќа Сити гостуваше во Лондон кај Арсенал. Лесно славеа со 0:3, а камерите забележаа интересен детал во текот на мечот во кој главна улога имаше Пеп Гвардиола.

Каталонскиот тренер очигледно не очекувал толку студено време во Лондон, па со себе не понел „зимска опрема“, поради што веројатно морал да се поднови со нов шал и капа, но веројатно опседнат со подготовката на мечот со Арсенал, тој заборавил да ја тргне етикетата со цената, што предизвика интересни реакции на социјалните мрежи.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

     

Последни објави