-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Менаџерот ги потврди контактите: Барса пронајде замена за Ракитиќ!

Барселона оваа сезона е повторно доминатна во Шпанија и се чини дека ќе успее да ја врати титулата на првак во својата витрина. Сепак, на лето Каталонците би можеле да претрпат значителни измени во играчкиот кадар. Шпанскиот фудбалски портал Дон Балон пишува дека како лидер на Премиера тие ќе пробаат по секоја цена да го донесат сјајниот играч Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Имено, менаџерот на данскиот репрезентативец Мартин Шотс потврди дека контакти меѓу Барса и Тотенхем за еден ваков трансфер навистина имало, но дека договор не е постигнат. Меѓутоа самиот играч наводно ја известил управата на клубот како на лето, во случај клубот да го напушти Маурисио Покетино, и тој сакал да ја промени средината.

Сега со право се поставува прашањето наместо кого Ериксен би пристигнал на Ноу Камп? Логичен одговор е Иван Ракитиќ, кој веќе некое време се наоѓа на мета на критичарите. Хрватот не е во препознатлива форма, а шпанските новинари тврдат дека ќе биде отворена опцијата на размена меѓу двата клуба – секако, со доплата од Барса за одличниот Данец.

Инаку, разликата во вредноста на споменатите играчи е околу 20 милиони фунти.

поврзани објави

Последни објави