14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Буфон скршен од веста за смртта на Астори: Твојата двегодишна ќерка треба да знае… (Фото)

Италијанската спортска јавност со голем шок и голема неверица ја пренесе веста за ненадејната смрт на 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, а покрај неговите соиграчи, неизмерна тага за прераното заминување на поранешниот италијански репрезентативец искажуваат и најголемите ѕвезди во фудбалот на Апенините.

Џанлуиџи Буфон имаше можност да ја дели соблекувалната со Астори во италијаннската селекција и тој беше еден од првите кои му посвети писмо директно на својот добар пријател, а со зборовите кои ги избра, легендарниот капитен на Јувентус не остави никого рамнодушен.

– Чао, драг Асто. Многу ретко се обраќам на некого лично, но за тебе ќе направам исклучок. Во твојот случај, чувствувам потреба да направам исклучок, бидејќи ти имаш млада сопруга и семејство кое пати во овој момент, но пред се, мало двегодишно девојче го заслужува да знае дека нејзиниот татко беше ДОБРА ЛИЧНОСТ, ИСКЛУЧИТЕЛНО ДОБРА ЛИЧНОСТ. Ти беше најдобра отслика за старомодниот свет, оној кој за жал луѓето го оставија зад себе. Светот исполнет со вредност, алтруизам, елеганција, учтивост и почит кон другите. Имам само пофалби, ти беше една од најдобрите спортски личности кои некогаш сум ја запознал. Почивај во мир, твојот луд Џиџи, – гласи крајно емотивната порака на Буфон.

View this post on Instagram

Ciao caro Asto, difficilmente ho espresso pubblicamente un pensiero riguardo una persona, perché ho sempre lasciato che la bellezza e l'unicità di rapporti, di reciproca stima e affetto, non venissero strumentalizzati o gettati in pasto a chi non ha la delicatezza per rispettare certi legami. Nel tuo caso, sento di fare un'eccezione alla mia regola, perché hai una moglie giovane e dei familiari che staranno soffrendo,ma soprattutto la tua piccola bimba, merita di sapere che il suo papà era a tutti gli effetti una PERSONA PERBENE…..una GRANDE PERSONA PERBENE….eri l'espressione migliore di un mondo antico, superato, nel quale valori come l'altruismo, l'eleganza, l'educazione e il rispetto verso il prossimo, la facevano da padroni. Complimenti davvero, sei stata una delle migliori figure sportive nella quale mi sono imbattuto. R.I.P. Il tuo folle Gigi.

A post shared by Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) on

поврзани објави

Последни објави