Натпреварот меѓу Џенова и Калјари беше првиот кој треба да се одигра од денешната програма во Серија А, но на крајот истиот испадна како првиот од седумте одложени натпревари во италијанскиот фудбал поради шокантната смрт на Давиде Астори.
Точно напладне, италијанските медиуми ја пренесоа трагичната информација за смртта на капитенот на Фиорентина, а оваа вест играчите на Џенова и Калјари ја дознаа на теренот додека се загреваа за мечот кој требаше да стартува во 12:30 часот.
Пандев, неговите соиграчи и играчите на Калјари замрзнаа на теренот кога разбраа за смртта на нивниот колега, а нивните реакции се најдобра отслика за тоа како беше прифатена оваа ужасна вест од страна на фудбалска Италија и сите актери кои имаат било каква врска со Калчо лигата.