11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бил Гејтс смета дека криптовалутите се опасни по живот

Криптовалутите ги убиваат луѓето во речиси директна смисла на зборот, смета основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Тој смета дека криптовалутите како што се биткоин и литекоин го олеснуваат купувањето на дрога. Тој додава дека анонимноста на дигиталните валути го олеснува финансирањето на терористите и перењето пари.

На прашањето за неговиот став за технологијата позади криптовалутите, блокчејн, Гејтс открива дека и за тоа има забелешки. Според него, анонимноста не е толку добра.

Основачот на Мајкросфот смета дека е добра работа можност ана државните органи да ги пронајдат парите кои се пераат и да ги казнат лицата кои избегнуваат даноци и кои финансираат тероризам.

поврзани објави

Последни објави