6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Георгиевски: Ако Мицкоски идеолошки ги задоволи критериумите на ВМРО, можеме да разговараме за соработка во некој поперспективен период

Претседателот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски во Фактор Магазин на 24 Вести вели дека уште не се созреани работите за негово враќање во ВМРО-ДПМНЕ, иако има позитивни промени по однос на тоа прашање.

– Ги ценам иницијативите на Мицковски, но се уште нема сериозни разговори за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ. Во минатото тие правеа серии на политики, преку преземање на кадри и слични такви политики. Во овие изјави на новото раководство чувствуваме нов тон, кој не можеме да кажеме дека не ни се допаѓаат. Ние тука не сакаме посебни привилегии, но му посакуваме на Мицковски да ја врати идеологијата на ВМРО во редовите на партијата. 

На прашањето за тоа колкав е гневот на првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за партиското опкружување околу Груевски и Мијалков тој рече:

– Тие се обидоа да ме избришат од историјата на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Историјата не може да скрие, може кратко време некој ќе крие нешто под тепих. Тоа само по себе е лудост, вели Георгиевски и додава: Историјата ќе си го каже своето! 

Според екс премиерот проблемот на оваа влада е тоа што по пат ќе мора да решава и заостанати проблеми кои некој друг требало да ги реши како договорот со Бугарија до кој и не морало да дојде ако некои има посиправни и реални чекори кон Бугарија низ годините.

– До тој договор немаше ни да има потреба да се носи ако немаше во Македонија низ годините таков однос кон Бугарија, едноставно и без него ќе се случеше се што треба, смета Георгиевски и притоа додава: 

Сметам дека Заев храбро ги решава проблемите на патот кон ЕУ. Ако мојата Влада продолжеше во мандатот кога падна, ниту ќе имавме потреба од договор за добрососедство со Република Бугарија, ниту пак ќе имавме ваков проблем со Грција. За жал, дојдоа некои политики кои ја сменија таа политика и отворија нови проблеми. Јас се сложувам дека договорот со Бугарија во некоја сфера делови е асиметричен и непринципиелен. Некои ја поистоветуваат декларацијата од моајта влада, со сегашниот договор. Постојат 10 проценти кои не се поклопуваат и практично поради тој дел Заев е сега критикуван.

Ако немаше една вакви анти-бугарска политика на неколку сегменти, немаше да има потреба од потпишување на еден ваков договор. Факт е дека антибугарската политика во Македонија никогаш не престанала. Она што е најкарактеристично денеска е што таа антибугарска политика ја претставуваше СДСМ, за да потоа ја преземе ВМРО-ДПМНЕ. Во последните 12 години ВМРО-ДПМНЕ за жал беше носител на таа политика. Јас сум политичар кој се обидува да ја смени таа перцепција. Ние треба да се ослободиме од пропагандите кои трајат цело време спрема нашиот источен сосед.

Ние со сите наши соседи имаме заедничка историја. Очигледно е дека немаме проблем со никој кога тоа ќе се каже, освен за Република Бугарија. Ќе ви кажам еден пример: Господинот Анѓушев кажа дека сме имале заедничка историја со Србија, а никој за тоа во Македонија ниту зборуваше, ниту реагираше, вели Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави