Знам многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои зборувале за заедничка историја со Бугарија, а сега жестоко го критикуваат договорот за добрососедство со Република Бугарија, вели претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во Фактор Магазин на 24 Вести, на прашањето дали Антонио Милошоски и Илија Димовски имаат бугарски пасош.
– Зошто да речеме некој кој пред 15 години сметал дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, треба денес да плука против тој договор. На кого треба тој да му се допадне? Јас постојано го истакнувам примерот на новинарот Зоран Димитровски кој одеше низ цело Скопје и ги убедуваше луѓето дека имаат заедничка историја со Бугарија. Одеднаш кога требаше да стане уредник на Нова Македонија во врмеето на ВМРО-ДПМНЕ напиша четири текста за Александар Македонски, каде што требаше да објасни дека тоа што претходно го зборел: Пу пу, не важи!