По разговорите на шефот на владата Зоран Заев со двајцата лидери на Движењето Беса, премиерот рече дека и Билал Касами и Африм Гаши се подготвени да му се придружат на парламентарното мнозинство. Но, Заев инсистира дека разговорите се водат со легитимни партиски претставници, што во овој случај, е претседателот на Беса, Билал Касами.
Запрашан дали се уште постои простор Алијанса за Албанците да се врати во владата, премиерот одговори потврдно.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во една прилика рече дека албанските политички партии се заслепени од трката за власт, кој прв ќе стане дел од Владата.
На средба со иселеници во Швајцарија, тој оцени дека и натаму вознемирува тоа што според него, Албанците во Собранието на Македонија се без политичко влијание.
Извор: ТВ21