Фудбалската јавност денеска ја шокираше ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина и член на репрезентацијата на Италија, Давиде Астори.
Поради трагедијата, денес сите натпревари во Серија А беа комплетно одложени, вклучувајќи ја и средбата помеѓу Џенова и Каљари која беше прва на програмата од 12:30 часот.
Голем дел од фудбалерите, клубовите и останатите спортски работници шокирани од смрта на Астори, се простуваат со последен поздрав и сочуство до семејството на фудбалерот, а меѓу нив е и нашиот Горан Пандев.