4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Конте под жесток притисок: Ова беше злосторство врз фудбалот!

Дел од англиските фудбалски легенди остро го нападнаа менаџерот на Челси, Антонио Конте за изданието на неговиот тим во дербито против Манчестер Сити.

Екипата од Стемфорд Бриџ имаше само 29% посед на топката, а Сити оствари неверојатни 902 додавања. Освен тоа, фудбалерите на Конте упатија само три удари, ниеден во рамките на голот и на крајот го претрпеа четвртиот пораз во последните пет кола со што сериозно го доведоа во опасност пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.

„Ова беше антифудбал, Челси направи злосторство врз фудбалот. Во почетната постава имаа девет фудбалери кои ја освојувале титулата во Премиер лигата, а Сити само двајца, но изгледаше обратно. Јасно ми е да сакаш да играш без напаѓач, да не сакаш да загубиш, но Челси има добри фудбалери и не сфаќам како е можно да играат без намера да нападнат”, изјави поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Реднап.

На десет кола пред крајот на сезоната Челси има пет бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем и ќе му биде многу тешко да дојде до место кое води во Лигата на шампионите.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави